Хуманитарни пакети за пензионери со најниска пензија и инвалиди на трудот    

49

Во соработка со Скопската православна епархија, хуманитарната организација „Св. Спас“ и Отец Оливер, Општина Ѓорче Петров организираше хуманитарна акција во рамките на која се поделени хуманитарни пакети на голем број пензионери приматели на најниска пензија и инвалиди на трудот, со што, како што велат од локалната самоуправа барем малку ќе им се олеснат овие зимски денови.

-Наша задача како локална самоуправа е да се грижиме за нашите сограѓани и да обрнеме внимание на загрозените категории кои што навистина се соочуваат со големи егзистенционални проблеми. Човечки и христијански е да се помага и да се прават убави работи, особено кога се работи за наши пријатели, роднини, сограѓани кои имаат потреба од наша помош. Нашите сограѓани пензионери заслужуваат грижа и помош во овие тешки финансиски времиња, кога секое семејство се соочува со потешкотии поради скапите домаќински намирници – потенцираат од Општина Ѓорче Петров.