Хуманитарна акција во Зоолошка за лекување на Симона

85

Скопската зоолошка градина се приклучува во хуманитарната акција за собирање средства за лекување на четиригодишната Симона Хаџи-Тошев која за жал боледува од акутна нелимфобластна леукемија и ги повикува сите посетители да донираат за Симона во недела.

Од таму информираат дека во недела од 9 до 18 часот ќе бидат поставени кутии за донации, а во меѓувреме најмалите посетители ќе можат да се дружат и фотографираат со омилените дизни маскоти, да гледаат бесплатно магионичарско шоу и многу други содржини преку кои ќе се помогне да се соберат средства за малата Симона.

– Да бидеме хумани, да спасиме еден млад живот. За среќно детство на Симона!-апелираат од Зоолошката градина. 

Деновите се собрани над 30.000 евра, а малата Симона со родителите се веќе во Загреб. Потребно е да се соберат 140.000 евра за лекувањето.

Броевите за донации се : Телеком -143 424 и А1- 143 460.