Хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата” во Кинотека

62

Хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата” ќе се одржи денеска во Кинотека, во организација на Здружението за култура „Македонски вознес”.

Наместо влезница посетителите треба донесат прибор за училиште. Сите прибори за училиште ќе бидат наменети за учениците од ПОУ „Д-р. Златан Сремец” – Скопје и ДУРДМОВ „Димитар Влахов”.

Присутните ги очекува одлична атмосфера и многу другарување со децата од државава кои ќе бидат таму со своите родители и ментори. Децата со попреченост во развојот и нивните родители секојдневно се соочуваат со потешкотии и предизвици кои можат да ги надминат, верувајќи дека постојат луѓе во државава кои ги сакаат и можат да ги поддржат, посочуваат организаторите.