Хуманитарен концерт на The Black Forest Youth Wind Band во Струга

33

Во Центарот за култура “Браќа Миладиновци# во Струга вечер ќе се одржи хуманитарен концерт на реномираниот германски оркестар The Black Forest Youth Wind Band, под диригентската палка на Џулијан Гибонс. На програмата ќе бидат изведени дела од Ричард Штраус, Стивен Мелило, Оскар Наваро и Мартин Елерби.

Кутии за донации се поставени пред големата сала во Центарот, каде сите хумани граѓани можат да донираат во рамките на своите можности, а парите ќе бидат наменети за подобрување на условите за работа и состојбата на основно училиште “Јосип Броз Тито”.

The Black Forest Youth Wind Band од Шварцвалд е основан во 1986 година и се состои од 65 музичари на возраст од 14 до 25 години.