Хрват на нискобуџетен лет го сретнал австрискиот канцелар и останал восхитен:додека нашите мислат дека се богови, тој се сликаше со децата во авионот

20

Фотографија од летот Барселона-Виена, направена од Хрватот Никола Грубишиќ, објавена на неговиот Фејсбук профил

На вчерашниот нискобуџетен лет од Барселона до Виена бил и австрискиот канцелар Себастијан Курц. Лежерно облечен во кошула и фармерки, Курц, како и секој друг патник, го поминал летот, освен што го привлекол вниманието на останатите патници, особено на децата со кои се фотографирал. Летот доцнел два часа, а австрискиот политичар, кој патувал без никаква придружба, се сликал со децата и со останатите патници чекал во економската класа. Вакво било искуството на хрватскиот граѓанин Никола Грубишиќ, кој случајно патувал со истиот лет, и изненаден и одушевен од однесувањето на европскиот политичар за пример, го објавил на својот фејсбук профил заедно со фотографија, а со негова дозвола го објави хрватскиот портал Индекс.