Хрватски научник: Мора да научиме да живееме со коронавирусот

71

Хрватскиот научник Иван Ѓикиќ ја оцени сегашната состојба со коронавирусот како сериозна, но не и критична, и истакна дека најважен баланс е оној меѓу точните информации и пораките со кои се повикуваат граѓаните да бидат внимателни, кои истовремено не треба да предизвикуваат страв и паника.

Говорејќи за телевизијата Н1 во Загреб, Ѓикиќ, кој е молекуларен биолог на Универзитетот Гете во Франкфурт, рече дека бројот на заразени во Хрватска е многу близу до оној во март.

Тој не смета дека излегувањето на изборите, што ќе се одржат в недела во Хрватска, е особено опасна ситуација.

– Ако гласачите се придржуваат кон пропишаните мерки, не би требало да има проблеми, рече Ѓикиќ.

– Мора да испраќаме позитивни и точни информации, да не се потценува опасноста, но и да не се плашат граѓаните. Научниците се согласија дека пораката до јавноста треба да биде дека не смееме да се плашиме, но вирусот е со нос и натаму е опасен. Ако се однесуваме правилно, можеме да го контролираме неговото ширење, но не знаеме што ќе се случи наесен, истакна угледниот научник.