Островот Ластово, еден од бисерите на хрватското крајбрежје, се најде во Топ 10 најубави и најегзотични острови во Европа, на престижната листа што ја објави британскиот весник „Гардијан“.

“Иако е на четири и пол часа возење со траект од Сплит може да изгледа како потфат за љубителите на авантура, но овој најјужен, населен хрватски остров толку се разликува од Сплит што навистина вреди за трудот што ќе го вложите да дојдете до него“, пишува „Гардијан“.

Овде може да поминете време во борови шуми, да видите островски куќи во венецијански стил, да истражувате цркви или да пливате во кристално чистото море. На островот има само еден хотел и неколку одлични ресторани кои нудат домашна храна и морски специјалитети. Островот Ластово од 2006 година е прогласен за парк на природата.

Покрај Ластово во Хрватска, на листата на „Гардијан“ се уште и островите: Поркело (Франција), Табарка (Шпанија), Бозџада (Турција), Ла Грасиоса (Канарски Острови), Сирос (Грција), Кабрера (Шпанија), Тинос (Грција), Иле де Бац (Франција), Филицуди (Сицилија-Италија).