Хрватката Марија оди на прво Европско првенство во секс: „Се надевам дека ќе се докажам и ќе постигнам добар пласман“

1706
Фото: Instagram/marija.zadravec.21

Европското првенство во секс за прв пат ќе се одржи во Шведска на 8 јуни, а тука ќе учествува хрватската порно актерка Марија Задравец, позната и како Sweet Mary.

„Сексот како спортска дисциплина е нешто многу предизвикувачки за мене. Многу сум среќна што ќе учествувам на тој натпревар и ќе ја претставувам мојата земја. Се надевам дека ќе се докажам и ќе постигнам добар пласман“, изјави Марија.

Натпреварот ќе трае два месеци, ќе има по десет мажи и жени и ќе трае 45 минути дневно, а гледачите кои се заинтересирани да го следат овој натпревар ќе можат да го следат во живо дваесет и четири часа. Категориите во кои ќе се натпреваруваат учесниците се заведување, масажа, масажа во ерогена зона, предигра, орален секс, пенетрација, издржливост, изглед, позирање, креативност, изјави Марија која истакна дека е единствената професионална порно актерка во својата земја, а жените во Хрватска не ја избираат таа работа поради осуда на околината, вели таа, пренесува 24 сата.хр.

Марија Задравец потекнува од Меѓумурје, а моментално е единствената жена од Хрватска која успешно снима филмови за возрасни и веќе има голем број фанови.

Таа даде интервју за еМеѓумирје каде се опиша себеси како забавна и сосема нормална личност, иако за неа важат предрасуди.

Таа влезе во светот на филмовите за возрасни преку фотографијата бидејќи сакаше да создаде приватна колекција која почна да ја споделува на мрежите, а потоа отвори OnlyFans.