Хороскопски знаци од кои очекувајте само страст, но не и љубов!

611

Некои луѓе едноставно не можат да им одолеат на искушенијата и се водат од привидна страст, дури и ако тоа значи дека ќе повредат некого. Сочувството не им е јака страна, а ако видат дека им се укажува можност за лично задоволство, ќе го искористат тоа по секоја цена. Личностите родени во некои од следниве хороскопски знаци никогаш нема да знаат да ве ценат доволно во врска.

Немојте ни да помислувате каков би бил бракот со нив – сѐ само не изобилство од моменти на нежност, внимание и посветеност!

Близнаци

Близнаците се склони кон кокетирање, а во тоа им помага нивната изразена харизма. Многу се свесни и реални, ама и покрај последиците, ќе направат сѐ што ги возбудува во тој момент. Самите си се на прво место секогаш и неретко ќе ви покажат дека се сметаат за повредни од вас.

Овен

Личностите родени во овој знак се најмногу склони кон неверства. Имаат изразена сексуална енергија и лесно им се предаваат на искушенијата, ама тоа не им претставува проблем бидејќи сметаат дека во секој момент можат да направат сѐ што сакаат без оглед на тоа како вие гледате на нештата.

Скорпија

Скорпиите се многу директни луѓе, што често знае да ги повредни нивните најблиски. Ако нешто, што било, почне да им пречи кај вас, ќе ви најдат замена во рекорден рок и ќе заборават дека некогаш сте постоеле.