Хорор во Црна Гора: Во три града пронајдени човечки останки, идентификувано едно тело – жена која исчезнала во 2014.

144

Три скелети се пронајдени во Подгорица, Никшиќ и Сутоморе во изминатите три дена, соопшти Полициската управа на Црна Гора.

Човечки останки и лични документи на име на Божидарка Марјановиќ, која исчезнала во декември 2014 година, беа пронајдени над заливот Штрбина кај Сутоморе.

Тело на машко лице во распаѓање е пронајдено кај Железнички мост во Никшиќ, а полицијата утврдува дали се работи за убиство или самоубиство.

Тело во поодмината фаза на распаѓање е пронајдено во напуштена куќа во населбата Коник во Подгорица, а идентификацијата е во тек.