Холивудскиот рај на фолкерката Анета Наковска во македонско Велгошти

208

Фолк-пејачката Анета Наковска не престанува да изненадува на кој било начин. Освен што неодамна се спречка преку ФБ со Мила Царовска, во врска со наводно нејзината изјава околу платата од 17.000 денари. Наковска сега пријатно изненади со својот богато наместен холивудски дом, всушност куќата во охридското село Велгошти, кое, на некој начин, е предградие на градот Охрид.

Наковска заедно со својот сопруг-бизнисмен, кога се во Македонија најмногу уживаат во таа раскошна куќа.
Куќата е направена од камен и уредена e во минималистички стил, а покрај природните материјали, како што се каменот и дрвото, доминираат белите нијанси.
Во куќата има и голем затворен базен, а на ѕидовите има греди во рустикален стил. Инаку, Анета неодамна ги изненади своите обожаватели со нов спот во кој има потполно нов имиџ со потполно куса коса. Спотот се снимаше на црногорското приморје, во градот Будва. Новата фризура на оваа атрактивна пејачка им се допадна на нејзините обожаватели кои ù упатија грст комплименти. Д.М.