Холандија ќе донира три милиони евра за обнова на Албанија

32

Во пресрет на Меѓународната донаторска конференција за санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември минатата година, Холандија одлучи да и донира три милиони евра.

Веста ја објави министерот за надворешни работи на Холандија, Штеф Блок, во видео запис на Твитер.

– Холандија е силно посветена да и помогне на Албанија во нејзините напори за обнова. Во солидарноста со албанскиот народ, Холандија ќе донира три милиони евра, пишува Блок.

Тој додаде дека разорниот земјотрес што ја погоди Албанија минатата година ги шокирал сите.

– Видов снимки од штетата, премиерот Еди Рама и мојот колега Гент Цакај ми раскажаа случки за албанските граѓани кои станаа жртви на оваа катастрофа, што ни ги скрши срцата. Заедно за Албанија, наведе Блок.

Инаку, Европската Комисија неколку дена по земјотресот одлучи да даде 15 милиони евра за Албанија за санирање на штетите од разорниот земјотрес.

В понделник,17 февруари, во Бирсел ќе се одржи Меѓународна донаторска конференцја за Албанија,со која ќе раководи претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Проценетата материјална штета од земјотресот изнесува 985.074.906 евра.