Хит-мејкерот од „Нови фосили” Рајко Дујмиќ е во кома – молете се да преживее!

495

Со овие загрижувачки зборови преку социјалните мрежи се обрати Снежана, сопругата на познатиот хит-мејкер Рајко Дујмиќ, основач на популарната поп-група „Нови фосили“. 65-годишниот Дујмиќ се здобил со тешки повреди на главата во сообраќајна несреќа во областа Равна Гора, во Хрватска. Од силата на судирот, пејачот, кој управувал со автомобилот, излетал од своето возило.

“Нови фосили“ со пејачката Сања Долежал/пред Сања беше Ѓурѓица Барловиќ/

Во кома е и под постојано внимание на лекарите. Според последните информации, Дујмиќ се наоѓа во болницата на Сушак, на одделението за интензивна нега и е сепак во стабилна состојба, наведуваат хрватските медиуми.
„Сопругата го видела Дујмиќ во болницата, имал тешки повреди на главата, тоа е сè што знам“, рекол извор за хрватските медиуми.

Љупка со песната од Дујмиќ “Ѕвона ѕвонат“ победи на “Макфест 90“

Инаку, Дујмиќ важи за еден од најслушаните и најуспешните композитори од поранешна Југославија. Напишал хит-песни за многу пејачи, меѓу кои и за нашата Љупка Димитровска. Таа со неговиот хит „Ѕвона ѕвонат“ победи на еден од „Макфестовски“ фестивали, а плочата на Љупка со оваа песна се продаде во златен тираж. Песната беше навистина голем југословенски хит, испеана на македонски јазик, покрај онаа верзија на хрватскиот.

За Рајко последните неколку години кружат секакви информации, од тоа дека станал алкохоличар, дека е скаран со Сања Долежал, пејачката на „Нови фосили“… со која беа неразделни и ги полнеа концертните сали низ стара Југославија. Сето тоа не е ниту потврдено ниту демантирано, освен од самата Сања дека со Рајко нема муабет поради тоа што тој забранува на концерти да се користи името на групата, а тоа Сања многу емотивно ја повредило….
Д.М. /фото:ФБ-Youtube/