Хитовите го следат и во приватниот живот, Бора Чорба како да е пак со некоја “Кукла од насловната страна“

112

Иако ретко се појавува во јавноста, рокерот Бора Чорба кој поради болеста тешко се движи, сепак наоѓа доволно време за својата нова љубов. Како што дознаваат новинарите, тој неодамна бил примен во Ургентниот центар бидејќи има сериозни проблеми со мочниот меур, но по прегледот е пуштен на домашно лекување.

Инаку, пред да почне да се забавува со оваа најновата девојка Дубравка, Бора Ѓорѓевиќ беше во првиот брак со Драгана, која по нивната брачна разделба трагично го заврши својот живот во март 2007 г. веројатно разочарана од него.
После тоа, се мислеше дека Бора стави точка на својот емотивен живот, но во 2010 година, рокерот се вљуби во Александра, која наскоро стана неговата втора сопруга. Сепак, тие се разведоа во 2014 година, а потоа тој започна романса со Дубравка.

Бора изјавува дека е ова крај на неговото вљубување и дека со Дубравка има намера да си го заврши животот. (Д.М.)