Македонската фудбалска репрезентација пристигнаа во Македонија по историското учество на Европското првенство, на кое нашата селекција ги заврши настапите уште во групната фаза. Но, и покрај трите порази, сосема заслужено, нашите херои беа пречекани на скопскиот аеродром од бројни фанови, како и од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.
Како што и се очекуваше, преовладуваа емоциите, пред се поради последниот репрезентативен настап на капитенот Горан Пандев, кој реши последниот меч во националниот дрес да го одигра токму на ЕП, и дуелот со Холандија, кој го загубивме со 3:0.