Хаџиу: Им верувам на експертите, тие ќе кажат што точно се случило

42

Сопственикот на „Беса-транс“ Беким Хаџиу за ТВ21 изјави дека им верува на експертите кои точно ќе кажат што се случило на кобната ноќ.

Тој додаде дека се уште се наоѓа во Бугарија со својата сопруга поради истрагата која трае.

„Сочувство до семејствата на загинатите. Да ја почекаме експертизата што ќе ја докаже причината за несреќата. Јас им верувам на овие експерти кои ќе кажат што точно се случило. Таа ноќ и јас бев во автобуската колона и кога стигнав на граница бев известен дека се случила несреќа и има жртви, го напуштив автобусот и се вратив назад на местото на несреќата со такси. 

Во телефонскиот разговор за ТВ21 тој потврди и дека:

Чекаме жртвите да бидат вратени во Македонија и ќе дадам изјава кај вас во ТВ21 за се она што знам околу оваа трагедија“