Хајредини: Владата од јавноста ги крие податоците за загубата на струја

64

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, вели дека ако струјата за домаќинствата не поскапи, државата од буџетот ќе ја покрие загубата на струја на компаниите кои ја произведуваат, или увезуваат.

„Ако струјата што ја трошиме не ја плаќаме преку цената, државата од буџетот ќе ја покрие загубата на компаниите кои ја произведуваат или увезуваат. Владата од јавноста ги крие податоците за износите на загубите“, напиша Хајредини на Фејсбук.