Војводата и војвотката од Сасекс целосно се опуштија со мајката на Меган на концертот на Бијонсе!
Нивниот нов документарен филм „Heart of Invictus“ можеби се мачи да допре до публиката, но врз основа на фотографиите и снимките направени неодамна на концертот на Бијонсе, Меган Маркл и принцот Хари се радуваат и го живеат сонот. Кралската двојка во петокот направи пауза од градењето на својата медиумска империја и семејните обврски и се упати на актуелната турнеја „Ренесанса“ на Бијонсе во Лос Анџелес.
Преку објавите на платформата Икс, порано позната како Твитер, посетителите на концертот најпрво го видоа славниот пар, кој го гледаше шоуто од ложа високо на стадионот. Тие беа придружувани од мајката на Меган, Дорија Рагланд, која, судејќи по видеото на кое танцува, ја погодиле песните, како и актерката Абигејл Спенсер, која е нивна блиска пријателка.
Meghan Markle and Prince Harry at the Renaissance World Tour night 1 in Inglewood! 🐝 pic.twitter.com/xHLhBDoJZL
— 🐝🪩 (@bluesbabysitter) September 2, 2023
Во својата објава на Инстаграм, Бијонсе ги замоли фановите да носат сребрена боја на нејзините претстојни настапи, во чест на нејзиниот астролошки знак – Девица. Сасексите, заедно со остатокот од друштвото, го следеа овој кодекс на облекување. Меган носеше светкаво сребрено здолниште додека Хари се одлучи за сив блејзер, а мама Дорија блескаше во сребрена блуза. Сите беа многу среќни, па постојано потпевнуваа по стиховите на Бијонсе. Хари и Меган целосно се опуштија гушкајќи се и пеејќи со стихови една на другг. Како што пренесува Индипендент, ова излегување било во чест на роденденот на Дорија, која го прославила 67-от роденден.
Инаку, Бијонсе е голем обожавател на Меган Маркл, па не го криеше својот ентузијазам за време на официјална средба, а во серијата „Хари и Меган“ Меган не го криеше ентузијазмот кога пејачката и испрати СМС за поддршка. :