Хантер Бајден го тужеше поранешниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани

62

Синот на американскиот претседател, Хантер Бајден, денеска го тужеше поранешниот адвокат на Трамп Руди Џулијани и уште еден адвокат за компјутерска измама и пристап до податоци поврзани со лаптопот за кој тврди дека го оставил во продавница за поправка во Делавер.

„Обвинетите се првенствено одговорни за „тотално уништување“ на дигиталната приватност на оштетениот“, се вели во тужбата на Бајден пред федералниот суд во Лос Анџелес.

Синот на Џозеф Бајден веќе неколку години е цел на напади на Џулијани, адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп, на републиканските членови на Конгресот и конзервативните медиуми поради податоците од тој компјутер, пренесува Си-Ен-Би-Ес.

Џулијани доставил информации од лаптопот на Бајден до Њујорк пост“ во октомври 2020 година, еден месец пред претседателските избори.

Хантер Бајден го обвини и Роберт Костело, адвокат и поранешен федерален обвинител кој претходно го застапуваше Џулијани.

Во тужбата се наведува дека податоците на Бајден биле „манипулирани, изменети и корумпирани“ пред да бидат копирани и испратени до Џулијани и Костело.

Хантер Бајден овој месец беше обвинет пред федералниот суд во Делавер за неколку кривични дела поврзани со купување и поседување пиштол додека бил корисник на дрога.

Тој претходно беше обвинет за две точки за неплаќање федерални даноци на доход во 2017 и 2018 година. Минатата недела Хантер Бајден ја тужеше УЈП за, како што тврди, „незаконско откривање на доверливи информации за неговата даночна пријава“.

Тврдењата дека претседателот Бајден бил вмешан во наводните корупциски скандали на неговиот син, делумно засновани на информациите од лаптопот, се во фокусот на истрагата за импичмент на Демократскиот претседател на Комитетот на Претставничкиот дом, контролиран од републиканците.