Еден од најдобрите светски ракометари Данецот Микел Хансен замина на принуден одмор од ракометот поради психички стрес, а по неколку месеци надвор од терените се чувствува многу подобро.
Шутерот моментално е член на Алборг, но данскиот клуб нема да може да смета на Хансен до крајот на актуелната сезона. Данскиот репрезентативец ќе го продолжи одморот за психички комплетно да заздрави, а ќе се приклучи на тренинзите за стартот на следната сезона.
Истовремено, од Алборг побараа поддршка за Хансен и медиумски и побараа приватност за него и неговото семејство од страна на новинарите.