Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, е убеден дека британскиот возач и актуелен шампион Луис Хамилтон ќе ја заврши кариерата во германскиот тим.

Хамилтон се приклучи на Марцедес во 2013 година од Мекларен, со кого ја освои титулата од 2008 година. Тоа беше ризичен потег во тоа време, но се покажа како многу профитабилен, бидејќи Британецот освои шест титули со Мерцедес во следните осум години (ги освои последните четири шампионски титули) и дојде до седум титули вкупно со кои се изедначи со легендарниот Михаел Шумахер.

Хамилтон собори многу рекорди со Мерцедес (по бројот на победи и подиуми, по бројот на пол-позиции, по бројот на кругови како лидер…) и е незамисливо да го видиме во друг болид во иднина.

Актуелниот шампион брка рекордна осма титула оваа сезона, а доколку успее, тогаш се е можно – ново продолжение со Мерцедес, одење во друг тим, па дури и пензија… За шефот на Мерцедес, Тото Волф, нема сомнеж во чиј болид Хамилтон ќе ја заврши кариерата.

  • Мислам дека ова ќе биде неговиот последен тим. За него нема подобро место од Мерцедес, и наша желба е тој да продолжи со нас. Симбиозата меѓу нас е добра и заедно славевме толку многу успех што од денешна перспектива сè зборува во прилог на продолжување на заедничките трки, истакна Волф.