Хамес за крај

41

Иако ангажираа неколку квалитетни играчи, раководните лица на шпанскиот гигант Атлетико (М) сакаат летниот преоден рок да го комплетираат со потписот на колумбискиот интернационалец од редовите на градскиот ривал Реал (М), Хамес Родригез.

Искусниот играч за врска долго време преговара со италијанскиот калчолигаш Наполи, но има изјавено дека повеќе му се допаѓа идејата да остане во Шпанија. Од продажбата на Родригез, челниците на Реал (М) очекуваат заработка не помала од 45 мил. евра.