Халанд го одбра Сити поради една причина

70
epa10184583 Erling Haaland of Manchester City reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Ерлинг Халанд можеше да бира во кој клуб ќе ја продолжи својата фудбалска кариера, а негова најголема желба беше тоа да биде Манчестер Сити кој на почетокот од летниот преоден рок ја активираше ослободителната клаузула од 60 мил. евра и на тој начин стави крај на сите надежи на Борусија од Дортмунд дека брзоногиот напаѓач ќе остане уште малку на „Сигнал Идуна Парк“.

Норвешкиот интернационалец веќе одигра 19 натпревари за „граѓаните“ на кои постигна 25 погодоци благодарение на кои е прв стрелец во Премиер лигата. Сите европски гиганти се обидуваа на секаков можен начин да ги осигураат неговите услуги, а најмногу доминираше приказната дека ќе се пресели во редовите на шпанскиот гигант Реал (М) и тоа како дел од напаѓачкиот тандем со Килијан Мбапе.

На крајот Мбапе остана на „Паркот на принцовите“, а Халанд се пресели на „Итихат“. После неколку месеци, неговата агентка, Рафаела Пимиента, откри зошто Норвежанецот ја прифатил понудата на популарните „граѓани“.

  • Знаете, Ерлинг пристигнува од фудбалска фамилија. Неговиот татко играше за Манчестер Сити и има многу фотографии на кои Ерлинг е дете и го носи дресот на Манчестер Сити. Мислам дека главната причина е од лична природа. Исто така, мислам дека сакаше да се испроба во Премиер лигата, откри Пимиента за шпанскиот весник „АС“.

Таткото на Ерлинх, Алфи Халанд, играше за „граѓаните“ од 2000 до 2003 година, а неговиот син има договор со Сити до јуни 2027 година.