Хакими се враќа во Мадрид

40

Германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд нема да успее во намерата да го задржи во своите редови офанзивниот бек, Акраф Хакими.

Мароканскиот интернационалец втора сезона по ред настапува како позајмен играч од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), но раководните лица на „кралскиот клуб“ веќе ги информирале тие на Борусија дека Хаими ќе мора да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од актуелната сезона.

Предводникот на Реал (М), Зинедин Зидан, е убеден дека Хакими може да биде квалитетно засилување во новата сезона.