Хаверц на лекарски прегледи

40

До крајот на неделата, репрезентативецот на Германија, Каи Хаверц, и официјално ќе биде преставен како најнова милионска аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Челзи. Најдобриот фудбалер во дресот на Баер од Леверкузен во недела ќе го одтаботи задолжителниот лекарски преглед и потоа официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на лондонските „сини“. За да ги осигураат услугите на офанзивниот играч за врска челниците на Челзи мораа да го прифатат побараното обештетување од 72 мил. фунти.