Голем број фудбалери се слаби на атрактивните и згодни девојки, особено оние кои заработуваат огромни пари, но поради својата страст понекогаш можат да завршат на столбот на срамот. Таков е случајот со 22-годишниот играч на Челзи, Николас Џексон.

Имено, познатата инфлуенсерка и боксерка, Астрид Вет, објави видео од нејзиниот разговор со Николас Џексон, додека фудбалерот на Челзи бара од неа да му испрати сочни снимки. Целиот разговор јавно го објави, а сето тоа се случило додека Вет била во својот автомобил, каде се слуша како разговара со машко лице на телефон.

Вет тврди дека на другата страна од линијата бил Џексон, 22-годишниот Сенегалец кој веќе некое време се соочува со сериозни критики поради лошите игри.

Со оглед на атрактивниот изглед на оваа русокоса, не е ни чудо зошто Џексон не одолеал да ја контактира, сепак поради објавениот разговор тој ќе заврши на столбот на срамот.