ФТ: Во јануари Фејсбук пушта во оптек криптовалута „Либра“

29

Фејсбук ќе ја пушти својата криптовалута Либра веќе во јануари, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три извори.

Базираната во Женева,асоцијација „Либра“ ќе ја пушти дигиталната валута поддржана од американскиот долар. Но, валутата ќе биде пуштена во оптек во поограничена форма поради регулаторите и централните банки ширум светот, кои стравуваат дека тоа може да ја разниша финансиската стабилност и да ја наруши нивната моќ да печатат пари.

Асоцијацијата, во која Фејсбук е една од 27-те членки, бара дозвола од швајцарските регулатори за пуштање во оптек серија стејблкоини поддржани од традиционални валути.

Стајблкоините имаат за цел да ја спречат нестабилноста на криптовалутите како што е биткоинот, што во теорија ги прави попогодни за плаќања и трансфери на готовина.