Фудбалската федерација на Србија (ФСС) експресно реагираше на националистичкото скандирање на мечот меѓу Албанија и Хрватска, во 2. коло од Европското првенство во Германија. Но тоа не го стори и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), бидејќи и кон Македонците беа упатени пцовки од страна на фудбалерот Мирлинд Даку и албанските навивачи.

Натпреварот меѓу Албанија и Хрватска изобилуваше со примитивно националистичко скандирање од трибините. Заедничка мета на албанските и хрватските навивачи беа Србите, но по мечот паднаа навреди и за Македонците.

За ситуацијата да биде уште поалармантна стои фактот дека главен во навредите кон Македонците беше албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку. Одговорноста на фудбалерите е значително поголема од онаа на навивачите, па Даку треба да добие сериозна казна од УЕФА.

ФСС веднаш излезе со осуда на националистичките скандирања и побара жестока казна за Албанија и Хрватска, дури се закни и со излегување на Србија од Европското првенство.

Меѓутоа од ФФМ нема никаква реакција досега, тотален молк, никаква осуда за испадот на албанскиот фудбалер, ниту барање на казна за него и Албанците кои на голема сцена навредуваа Македонци.