Фросина Ременски….Вредна домаќинка со чиста десетка за македонски ајвар!

240

“Браво за вредната домаќинка, а пивцето за разладување….“, вака некако ѝ искоментирале нејзините пријатели кога Фросина објави фотографија на која е покрај црвени пиперки кои се печат на ќумбе. Ременски честопати знае на својот профил да се истакне со причина и со друг зеленчук од својата бавча или од пазарче. Пред некое време се пофали и со домашно подготвен доматен сос, кај народот познат како салца, а исто така се пофали и со еден подготвен малешевски специјалитет. Инаку, ајварот води потекло токму од Македонија, а тоа Фросина добро го знае, па затоа во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки (кои може да бидат и лути и благи) ги пече, а потоа ги става во пластични кеси за да набабрат, зашто на овој начин полесно се лупат. На крај следува токму тоа – внимателното лупење, при кое треба да се отстранат семките, а собирањето да е во мрежести вреќи во кои пиперките ја поминуваат ноќта. Следниот ден тие се сечат на ситни парчиња, се мелат и пржат на тивок оган. На крај добиваме многу вкусен домашен македонски ајвар со кој израснале многу генерации, специјалитет од кој странците прстите си ги лижат, а по некоја тегла задолжително и дома ќе си понесат.    Д.М.