Фризерите предупредуваат: Сувите шампони се лоша навика – тие предизвикуваат опаѓање на косата и создавање на првут

18

Со недостатокот на време за миење на косата или одење на фризер, шампоните за суво миење се одлично средство за отстранување на маснотиите, поради што и се толку популарни.

Меѓутоа, пред да се одлучите да го користите овој препарат, треба да знаете кои се негативните последици од неговото користење.

Сувиот шампон всушност не е шампон, ниту ја врши основната функција како течните производи. Овој препарат не ја чисти косата или темето, туку го апсорбира вишокот на маснотии со цел вашата коса да изгледа свежо и чисто.

Меѓутоа, во процесот на прикривање на нечистотиите, сувиот шампон го иритира темето и ја прекинува циркулацијата во главата што доведува до потенцијално губење на косата.

“Сувиот шампон влегува под кожата поради што вашето теме не може да дише. Во ред е да користите сув шампон во итни ситуации кога немате време да ја измиете косата, но не е здраво постојано да го користите”, вели францускиот фризер Кристоф Робин.

Наместо да ја навикнете вашата коса на сувите шампони, Робин препорачува користење на други природни препарати кои можат долгорочно да го решат проблемот со масната коса како што се разните билни екстракти, сокот од лимон или јаболковиот оцет.

Главната состојка на сувите шампони е талкот кој доаѓа во облик на спреј за полесно нанесување. Производите од овој тип се всушност само еднократна помош за масната коса и не смеат да се користат подолг период. Тие најчесто оставаат бели траги на косата кои додатно ја исушуваат кожата на темето, што доведува до создавање на првут и опаѓање на косата.

По користење на сувиот шампон, потребно е темелно да ја измиете косата со интензивен течен шампон за да ги отстраните сите наталожени остатоци од талкот.