
Предводникот на римскиот калчолигаш Лацио, Маурицио Сари, испрати јасна порака до раководните лица дека мораат под итно да купат фудбалер кој ќе биде замена за српскиот интернационалец Сергеј Миленковиќ-Савиќ. Популарниот СМС ќе биде продаден за време на летниот преоден рок, а Сари сака негов наследник да биде фудбалерот на Сасуоло, Давиде Фратези, кој е проценет на околу 30 мил. евра.