Француски фудбалер фатен со љубовницата во хотелска соба по натпревар

442

Францускиот фудбалер Оливие Жиру ги брани боите на својата репрезентација на овогодинешното Европско првенство. Иако поради неговите вештини на теренот е многу популарно име во светот на фудбалот, неговиот љубовен живот е полн со скандали.

Оливие е во брак од 2011 година со Американката Џенифер (38) со која има четири деца. Фудбалерот во неколку наврати потенцираше дека не би имал таква кариера доколку покрај него не е неговата сопруга, која е позната по тоа што се обидува да го држи својот живот подалеку од очите на јавноста, само повремено прикачувајќи слика на социјалните мрежи.

А потоа, по оваа голема љубов, тој беше главниот актер на скандалот за кој бруеше цел свет. Имено, Жиру во 2014 година имал афера со атрактивната Селија Кеј и тоа не успеал да го сокрие. Тој ја поминал ноќта со Кеј во својата соба во хотелот „Four Seasons“ во областа Источен Лондон, а тоа беше пред мечот на Арсенал со клубот „Кристал Палас“ во кој победи.

Фудбалерот на почетокот негирал се, додека манекенката не докажала се, објавувајќи слика од Оливие во долна облека од неговата хотелска соба. Бидејќи аферата се случи пред важен натпревар, спортистот беше казнет и од неговиот клуб со повеќе од 200.000 фунти.

Откако интернетот беше преплавен со фотографии, тој јавно се огласи на социјалната мрежа:

„Им се извинувам на мојата сопруга, семејството и пријателите, мојот менаџер, соиграчите и навивачите на Арсенал, сега морам да се борам за моето семејство и мојот клуб и да добијам прошка. Ништо друго не е важно во моментов“, напиша тој тогаш на Твитер,  денешен X Network.

Колку и да мислеа сите дека ова ќе биде крај на бракот на фудбалерот, сопругата му прости се. Кога настапуваше на Светското првенство во Катар, таа беше неговиот најголем поддржувач на трибините и со него ги помина сите подеми и падови.