Поранешниот француски репрезентативец, а сега прв човек на тамошната лига, Бруно Мартини е уапсен во полициска акција која траела повеќе од две години.
Француската полиција долго време ги следела осомничените лица меѓу кои е и Мартини, кои се товарат за педофилија, искористување малолетници и снимање детска порнографија, пишуваат француските медиуми.
Мартини призна како контактирал 13-годишник на социјалните мрежи, му испраќал експлицитни фотографии и истото го барал од него. Му понудил такси да го донесе во неговиот дом, но малолетникот за среќа се откажал од таа намера во последен момент.
Поранешниот голман го признал делото, но сметал дека тинејџерот има повеќе од 15 години според фотографиите. Му се заканува затворска казна од пет години.
Мартини бранеше за Истр, Монпелје, ПСЖ, шпанските Теукро и Кангас, како и германските Вупертал и Кил