Французите немаат доверба во вакцината Астра Зенека – дури 71 отсто од нив

40

Сè повеќе Французи сакаат да се вакцинираат … под услов да не е со британската вакцина, според истражувањето на „Одокса-Бекбеун Консалтинг“ за „Фигаро“, јави дописникот на МИА.

Добрата вест е дека сè повеќе Французи сакаат да се вакцинираат: тие беа 42 отсто во декември, сега се 70 отсто, во време кога владата само што објави дека го исполнила ветувањето од 10 милиони вакцинирани лица по прв пат во средината на април. Само 14 отсто од францусите упоно не сакаат воопшто да бидат „боцкани“.

-Нов доказ дека најдобриот поттик за вакцинација е токму развојот на вакцинацијата и фактот дека се повеќе и повеќе луѓе околу вас се вакцинираат, проценува институтот за анкети. Сосема предвидливо, намерата за вакцинирање е посилна кај постарите луѓе, кај кои е поголема опасноста од развој на тешки форми на Ковид-19: 55 отсто од 18-24 годишниците велат дека сакаат да се вакцинираат, во споредба со 84 отсто од над 65 години .

Но, вакцини не се исти во очите на Французите. И не е изненадувачки, АстраЗенека е сè помалку популарна. Сега се дури 71 отсто од нив кои немаат доверба во британската вакцина. Довербата се намалува во текот на неколку недели поради случаи на тромбоза во неколку земји, што доведе до прекинување на вакцинацијата со овој производ за неколку дена минатиот месец. Во средата, Европската агенција за лекови (ЕМА) за прв пат призна дека оваа вакцина може да предизвика многу ретки проблеми во крвта, притоа осигурувајќи дека таа треба да продолжи да се администрира, а рамнотежата на придобивките / ризиците останува „позитивна“. Но, се чини дека штетата е направена и на терен, сè повеќе пациенти одбиваат да го инјектираат производот, претпочитајќи да чекаат друг. На тој начин, тие имаат доверба во 70 отсто од онаа на Фајзер, 65 отсто во Модерна и 59 отсто од производот Јонсон, чии први дози се очекуваат на 19 април во Франција.

И сигурно не е владата што ќе ги натера да се предомислат, бидејќи само 36 отсто од испитаниците и веруваат во врска со политиката за вакцини. Притоа 67 отсто сметаат дека не е ефикасна, 68 отсто не се конзистентна и 77 отсто сметаат дека не се спроведува со добро темпо. Покрај тоа, ако Французите се свесни дека вакцинацијата е единственото ефикасно решение за ставање крај на пандемијата, 64 отсто од нив не веруваат во ветувањето на претседателот Емануел Макрон дека ќе обезбеди анти-ковидна вакцина за сите Французи што го сакаат тоа “до крајот на лето “. Само 6 отсто се убедени дека тоа ќе се исполни, процент кој се искачува само на 14 отсто меѓу симпатизерите на претседателската партија Републиката во марш..

На крајот една, позитивна забелешка: според истражувањето на Одокса, Французите многу позитивно го поздравуваат доаѓањето на авто-тестовите што ќе можат да се најдат во аптеките од понеделник, 12 април. За овие тестови за само-земање примероци во носот, се вели дека се полесни и помалку непријатни за употреба отколку тековните тестови за назофаринкс. 62 отсто имаат намера да ги користат ако треба да бидат тестирани и 57 отсто сметаат дека нивната општа употреба ќе биде корисна во борбата против епидемијата на коронавирусот.

За изненадување, 72% отсто од испитаниците исто така бараат овие само-тестови да бидат покриени од социјалното осигурување, а 61 отсто би сакале да бидат достапни во супермаркетите.