Франција: Русија претставува закана за кибер безбедноста на НАТО

46

Францускиот министер за Европа и внатрешни работи Жан-Ив Ле Дриан тврди дека дејствијата на Русија претставуваат закана за земјите од НАТО.

– Очевидно е дека Русија претставува закана за НАТО. Ова се забележува особено во областа на кибер безбедноста. Русија, исто така, може да претставува опасност и за соседните земји, што може да се забележи од украинската криза, изјави францускиот министер Ле Дриан.