Франција му оддава почит на убиениот професор по историја

28

Два дена по терористичкиот напад и убиството на професорот по историја Самуел Пати, во Франција се одржуваат повеќе собири на кои му се оддава почит, јави дописникот на МИА.

Неколку илјади луѓе се собраа оваа недела во Париз на плоштадот на Републиката, за да му оддадат почит на Самуел Пати, професор по историја, обезглавен во петокот во Ивелин.

Учесниците на собирот носат транспаренти на кои пишува „НЕ на тоталитаризмот на мислата“ или „Јас сум професор“, тие мирно го поздравуваат споменот на овој убиен професор откако им покажаа карикатури на Мухамед на неговите ученици од седмо одделение во Конфлан Сент-Онорин.

„Јас сум Самуел“, „Слобода на изразување, слобода на предавање“, скандираа луѓето на собирот, каде редовно се слушаа долги аплаузи.

Премиерот Жан Кастекс исто така бил присутен на плоштадот на Републиката во Париз, каде и околните улици биле преполни со луѓе.

Вакви собири се одржуваат во цела Франција, која е потресена од овај последен терористички напад, втор откако почна судењето на соучесниците за атентатот против редакцијата на Шарли Хебдо во јануари 2015 година.

Во рамки на истрагата за убиството на професорот во моментов единаесет лица се притворени.