Европското ракометно првенство во Унгарија започнува за нешто повеќе од две недели (13 јануари), а олимпискиот шампион и еден од фаворитите за златото, репрезентацијата на Франција е во огромни проблеми.

Никола Карабатиќ, најдобриот играч на „триколорите“ е позитивен на коронавирус и сигурно ќе го пропушти првиот дел од подготовките, а во зависност од резултатите од повторното тестирање ќе се одлучи дали еден од најдобрите ракометари на сите времиња ќе остане дома или ќе се приклучи на националниот тим.

Тимотеј Н’Гесан и Жан-Жак Акевиљо се повредени и ќе го пропуштат шампионатот, а нова лоша вест за тренерот Гијом Жил е дека и ѕвездата на ПСЖ Недим Ремили има скршеница на десното стапало. По консултации со лекарскиот тим на репрезентацијата и ПСЖ, донесена е одлука фантастичниот десен бек да го пропушти турнирот во Унгарија.

Прв ривал во франција во група е репрезентацијата на Хрватска, а во групата се и Србија и Украина. Првите две екипи од секоја група го продолжуваат натпреварувањето.