Денеска звршува Париската модна недела која започна на 25. септември. Италијанската манекенка Виторија Серети, која е нова девојка на познатиот глумец Леонардо ди Каприо беше дел од ревијата на за брендот Валентино. Таа прошета по пистата во црвен фустан со длабоко деколте и цветен дизајн.
Виторија имаше многу работа во изминатиот месец. Беше дел од ревиите на италијанските модни куќи како Versace, Fendi и Dolce&Gabbana… Виторија во својата кариера веќе носеше луксузни брендови како Chanel, Alexander McQueen, Chloe, Ferragamo, Armani, Prada, а позираше и за кориците на модни списанија, вклучувајќи го и Vogue.
Да потсетиме, 25-годишната манекенка го привлече вниманието на јавноста откако беше снимена како се бакнува со холивудскиот заводник Ди Каприо во еден ноќен клуб на Ибица. Заедно биле видени и во Санта Барбара, а оскаровецот ја запознал нова девојка со неговата мајка Ирмелин.