ФОТО: Најубавото девојче на светот сега има 23 години

567

Манекенката од Франција Тилан Блондо (23) ја започнала својата кариера уште како девојче, а потоа го доби епитетот „најубава девојка на светот“. Тилан имаше само четири години кога првпат се појави на ревијата на Жан Пол Готје, а многумина веќе велеа дека ја чека блескава кариера. Иако пораснала во луксуз, нејзиниот живот не бил секогаш совршен.

Имено, нејзината мајка е водителката Вероника Лубри, а нејзиниот татко е фудбалерот Патрик Блондо. Додека таа растеше, медиумите пишуваа дека Вероника и Патрик ја искористуваат својата ќерка за пари, а најголемиот скандал изби кога Тилан позираше за насловната страница на Вог.

Многумина го осудија фактот дека таа има тешка шминка и беше облечена како возрасна, а магазинот беше осуден од народот и за хиперсексуализирање деца.

Сепак, нејзините родители никогаш не обрнувале внимание на овие натписи.

Нејзината долга кариера опфаќа бројни соработки со познати модни куќи како „Жан Пол Готје“, „Долче и Габана“ и „Версаче“.