ФОТО: И со новиот тренер Шкендија си тера по старо

65

Премиерниот натпревар од 10. коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот во Тетово помеѓу екипите Шкендија и Академија Пандев, заврши со минимален триумф на гостинот. Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во самиот финиш од натпреварот беше дело на дефанзивецот Марио Маслаќ.

Дуелот во Тетово ќе биде запаметен и по дебито на новиот тренер на Шкендија, Ернест Ѓока, кој нема по убаво да го памети првиот натпревар во македонската Прва фудбалска лига.