(ФОТО ВЕЧЕР) И ден потоа, ужас на местото на настанот

120


Утрово продолжи увидот на скопското јавно обвинителство на местото на несреќата на патот Скопје – Тетово, кај местото Ласкарци.

Уште едно лице почина ноќеска, со што бројката на загинати лица во една од најтешките автобуски несреќи во историјата на Македонија се искачи на 15.

Вчера попладне се случи тешка сообраќајна несреќа, кога автобус на гостиварската фирма Дурмо Турс, патувајќи од Скопје кон Гостивар, од непознати причини преминал на спротивната коловозна лента, ги пробил сите заштити, летнал на регионалниот пат, а оттаму во полето и се превртел.

ФОТО: Н.БАТЕВ