ФОТО: Австрија повторно преголем залак за Македонија

65

Како и што се очекуваше, и втората меѓусебна квалификациска пресметка помеѓу женските репрезентации на Македонија и Австрија, заврши со убедлив пораз на нашиот национален тим од 3:0.

И без помошта на нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова избраничките на Кирил Изов дадоа силен отпор во поголемиот дел од натпреварот, но тоа не беше доволно за да бидат освоени нови бодови во квалификацискиот циклус за ЕП2021.

Гостинот дојде во водство во 35 минута откако Била успешно го изведе ударот од белата точка, а во финишот од првото полувреме и Задразил се запиша во листата на стрелци. Последниот погодок на натпреварот беше дело на Данст.

Избраничките на Кирил Изов остануваат на четвртата позиција на табелата во групата Г со три освоени бода кои ги запишаа со победата над Казахстан. Следниот меч од квалификациите за Европското првенство 2021 година, Македонија го игра на 6. март следната година на гости кај Србија.

ФОТО: П.Стојановски