ФОТОГРАФИЈА од патувањето на екс финската премиерка Сана Марин ги загреаа мрежите

584

Поранешната финска премиерка Сана Марин (38) покажа дека знае како да ги загрее ниските северни температури.

Таа неодамна работи како советник во Институтот Тони Блер, а во јавноста предизвика реакции откако на социјалните мрежи објави неколку фотографии со опис: „Случајни фотографии од неодамнешните патувања“.

Посебно внимание привлече една од објавените фотографии на која таа позира во костим за капење.

 

„О Боже, некои од овие фотографии не се прифатливи и се несериозни за политичар“, гласеше еден од коментарите на објавата.

„Таа се пожали дека нема приватност, а потоа објави полугола фотографија која може да ја видат милион луѓе??? Нема логика“, гласи друг коментар.

Инаку, Марин на почетокот на септември поднесе оставка на функцијата претседателка на финската Социјалдемократската партија, со надеж дека ќе го оттргне вниманието од својот приватен живот по четири турбулентни години на чело на партијата. Меѓу фотографиите коишто се објавени на Инстаграм, вниманието на јавноста и на тамошните медиуми го привлече и сликата каде што политичарката е во танга-гакички.