Метеорологот Стефен Олсен од данскиот метеоролошки завод пошол на рутинска мисија на Гренланд да ги собере метеоролошките инструменти кои ги поставиле неговите колеги, но наишол на сериозен проблем.

Поставената апаратура Олсен не можел да ја види оти на северозапад на Гренланд, наместо бела покривка од лед го дочекала огромна количина вода. Ледената покривка толку бргу се стопила.

Неговата фотографија на кучиња кои влечат санки по вода набргу се рашири низ светот и веројатно ќе влезе во групата клучни фотографии кои сведочат за глобалното загревање, како и онаа фотографија на прегладнетата поларна мечка.

Олсен преку Твитер порача дека автохтоните заедници на Гренлад за преживување се потпираат на замрзнатото море, ловот и риболовот и дека ваквите последици од глобалното затоплување сигурно ќе ги погодат.

Оваа алармантна фотографија ја снимил на 13 јуни околу пладне по локално време, а на Твитер ја објави утредента. Олсен напиша дека кучињата ги влечеле санките по 1,2 метра дебел морски мраз, поплавен од стопениот површински слој.