(ФОТОГАЛЕРИЈА) Ogi the Champ ја оствари хуманата мисија-им помогна на бездомните животни

43

 

Ogi the cham најпознатото куче во Македонија,  иако веќе се стекна со светска слава, на Фејсбук и Инстаграм е следен од над 30.000 фанови, Оги никако не ги заборава своите другари, па заедно со својот сопственик Дино Дамјановски, вечерва организираа хуманитарна изложба во кафулето “Концепт 37”, а собраните средства ќе бидат наменети за бездомните животни. На изложбата присуствуваа дел од неговите следбеници како и љубителите на домашни миленичиња.

 

– Оги има многу фанови на социјалните мрежи и сакаме на едно место да ги собереме сите луѓе кои го пратат, а потоа истите ќе добијат шанса да купат една од 3-те дизајнирани маички со ликот и логото. 40% од средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за бездомните кучиња, пред настанот ни откри Дино.

Со средствата ќе се третира повредено и болно куче.

Освен брендираните маички, на изложбата имаше и дел од најпознатите предмети и ликови кои се користени во видеата и сликите (саксафонот, гитарата, првата марама…).

Целиот настан доби голема подршка од Pet-Shop Blinker, кој ќе донира 30 кг храна за бездомните кучиња.
Хуманитарната изложба  започне во 20:00 часот, а гостите уживаат и во музиката на ДЈ Chvare.

фото Ѕ.Плавевски