ФОТОГАЛЕРИЈА: Ексклузивно од Дино паркот во ЗОО – Скопје

310

Во Дино паркот во скопската Зоолошка градина се монтираат диносаурусите во природна големина што во петокот пристигнаа од Кина. Станува збор за 41 модел од повеќе диносауруси, како Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, а има и мали диносауруси, мајки со бебиња и јајца.

Моделите треба да бидат монтирани во рок од 20 дена на нивните места во Дино паркот кој е веќе уреден и подготвен, но во функција ќе биде пуштен дури напролет.

Фотографиите од монтирањето ги направи фоторепортерот на весникот ВЕЧЕР, Петр Стојановски.