ФОТОВЕСТ: Цело Скопје е со депонии, алишта, кревети, фотелји

150

Горе-долу во речиси сите скопски населби граѓаните објавуваат на Фејсбук фотографии од депонии што ги направиле некои нивни соседи.

– Цело Скопје е со депонии, расфрлани алишта, кревети, фотелји, на нередот му нема крај. Самите сме виновни, да живееш во својот град и да фрлаш во својот град….само казни и патроли, волонтери, а за награда ваучери за ЈСП, кино, храна – коментира Слаѓана Танчева.

Лиле Живковиќ објави фотографии од расфрлано ѓубре околу контејнерите пред зграда на улица „ 16. Македонска бригада“ (спроти стадионот на Металург).

 

– Секој коментар е непотребен. Ова ѓубре е расфрлано и вака стои со денови. Со оглед на ниската свест, немањето совест, високиот примитивизам, безобразлук, простотилак… веројатно треба контејнерите да бидат под видеонадзор и под итно да се пропишат строги казни, па можеби и ќе се решат овие проблеми. За жал, ова е слика скоро околу сите контејнери, Имаат ли надлежните идеја, план, стратегија… или само фотелјите ги интересираат – прашува таа.