Од синоќа со нова атракција градоначалничката Данела Арсовска ќе ја подига предновогодишната атмосфера. На плоштадот вози вовчето од Луна Парк.
За билет од 40 денари по човек, вовчето тргнува од мини забавниот парк и движејќи се по сивата лента врти цел круг околу плоштадот.
Вовчето за најмладите, но и за возрасните е на располагање од 10 до 22 часот. При тоа, локомотивата на вовчето не работи на еколошко гориво.