ФОТОВЕСТ: АЛО, тука се фрлаат отпадни батерии!

286

Садот наменет за одлагање на отпадни батерии, на некој(и) им текнало да го полнат со хартија и со кори од банана.

Ова наиде на револт и жолчни коментари на социјалните мрежи. Некои повикуваат дека ред може да се направи само со дебели казни.

– На садот пишува „место за отпадни батерии“, но очигледно читањето ни е слаба страна. Никаде нема вака неписмен народ како кај нас. Или неписмени, или дебили. Треба покрај секое вакво место да стои човек и да ги обучува. Бог да чува – се дел од коментарите на фејсбук.