Фон дер Лајен повторно со повик до граѓаните на ЕУ да се вакцинираат

9

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ја повтори повикот до граѓаните на ЕУ да се вакцинираат, но и да добијат бустер доза по истекот на шест месеци од примарната вакцинација.

„Засилувачката доза ни дава уште повисоко ниво на заштита од соодветна вакцинација, што ќе спречи многу хоспитализации и смртни случаи“, вели Лајен во видео порака.

Таа нагласи дека дури четвртина од возрасната популација во ЕУ не е вакцинирана и дека затоа е изложена на поголем ризик од тешки симптоми на инфекција со Ковид.

„Вакцинирањето против Ковид-19 спаси илјадници животи низ ЕУ. Не зафати нов бран и мораме да ја интензивираме вакцинацијата“, рече Лајен.

До крајот на оваа недела во рамките на ЕУ-27 ќе бидат испорачани милијарда дози вакцини.